Карлос Рамос е жестоко критикуван од многумина за одлуките донесени за време на финалето од женскиот турнир на УС Опен, но Интернационалната Тениска Федерација (ИТФ) денеска застана во одбрана на шпанскиот судија. Според ИТФ, сите одлуки на Рамос биле согласно правилата на тениската игра, како одговор за непрофесионалното однесување на Серена Вилијамс.
„Карлос Рамос е еден од најискусните и најпочитуваните судии во тенисот. Неговите одлуки беа во согласност со правилата, за што доволна потврда е одлуката на УС Опен за паричната казна на Серена Вилијамс. Разбирливо е еден вака важен случај да предизвика расправа, но исто така е важно сите да знаат дека Карлос Рамос се однесуваше согласно правилата, со максимален професионализам и интегритет“ – се вели во соопштението на ИТФ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА