Англискиот фудбалски шампион, Манчестер Сити, влезе во трката за потписот на Адриен Робен. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека минатата недела се сретнал со францускиот фудбалер.
Договорот на Рабио со Пари Сен Жермен истекува следното лето и тој би направил трансфер како слободен играч. За него преходно покажаа интерес и Барселона и Јувентус.
Рабио за ПСЖ дебитираше во 2012 година, досега одигра 208 натпревари на кои постигна 22 гола. За репрезентацијата на Франција има шест настапи, но не успеа да избори место во составот кој летово во Русија ја освои светската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА