Ширер: Рашфорд никогаш нема да стане врвен голгетер во Манчестер јунајтед

Ако станува збор за гол-машини во англискиот фудбал, меѓу најдобрите на сите времиња дефинитивно е Алан Ширер. Токму затоа јавноста на „островот“ многу сериозно ја пренесе пораката на Ширер до Маркус Рашфорд, дека младиот ас на „гордиот албион“ треба добро да размисли за својата иднина бидејќи во Манчестер јунајтед дефинитивно нема да добие доволно можности да ги доусоврши своите голгетерски способности.

„Да бидеме реални, се додека Ромелу Лукаку е здрав, Рашфорд никогаш нема да добие шанса како класичен напаѓач на „Олд трафорд“. А се додека Мурињо е менаџер, јунајтед нема да игра со двајца напаѓачи, тоа исто така е сигурно. Мислам дека дури и доколку Лукаку не е стартер, Мурињо ќе го префрли Алексис Санчез како најистурен во нападот. Ако му треба нов голгетер, дали Жозе ќе се сврти кон Рашфорд или кон пазарот за да доведе проверен напаѓач со меѓународно искуство, тоа е прашањето на кое го знаеме одговорот. Јас сум голем фан на Маркус, но факт е дека тој предолго игра на крилните позиции и тоа влијае на неговиот голгетерски инстинкт кога ќе се најде во шанса. Не покренувам кампања за тој да си замине, сите знаеме дека Манчестер јунајтед е голем клуб, но Рашфорд мора да е свесен дека ако сака да биде врвен голгетер, тоа нема да се случи во оваа екипа“ – истакна Ширер.

Маркус Рашфорд беше откровение на претходниот стратег на „црвените ѓаволи“, Луј ван Гал, но со доаѓањето на Мурињо младиот ас беше префрлен на крилните позиции во нападот, каде се уште се нема максимално адаптирано.

Се вчитува...