Хрватската репрезентација доживеа дебакл во премиерниот свој меч од Лигата на нации. Светските вицешампион во Елче загубија од Шпанија со неверојатни 6-0, што е за нив најголем пораз во историјата.
„Не очекувавме ваков тежок пораз. Во мечот влеговме добро, првите 20 минути беа навистина добри, имавме и шанси за гол но не успеавме да постигнеме а откако го примивме првиот гол тотално се распаднавме“ – рече Модриќ по синоќешниот пораз и дополни:
„Недозволиво е на ваков срамен начин да го распродаваме нашиот углед, нашата чест… Ако извлечеме од сето ова некоја поука ќе биде добро, а верувам дека ќе извлечеме. Најлесно е да се критикува сега, но јас не го сакам тоа. Пристапот во иднина мора да биде многу поразличен“.
Следниот месец Хрватска ја чека нов меч од Лигата на нации, против Англија во Ријека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА