Се огласи судијата од случајот „Серена’: Нема судење по нарачка

Во „случајот Серена“ кој го привлече светското внимание по финалето на УС Опен, последен се огласи судијата Карлос Рамос. Тој стана фокус на јавноста откако во битката за титулата во Њујорк и додели три казни, а потоа и одзеде и гем на Серена Вилјамс. Во нејзините бурни рекации таа го нарече „крадец“, а потоа и го обвини за сексизам. Однесувањето го правдаше како „борба за женските права и за еднаквост“. Серена за сите прекршоци и за однесувањето беше казнета со 17.000 евра.

„ Судење по личен вкус и желба нема за никого. Не грижете се за мене. Добро сум со оглед на околностите. Сето ова е една несреќна ситуација“ – изјави Рамос во првото интервју по скандалот.

Неговите колеги, тениските судии, вчера најавија дека ја разгледуваат опцијата за бојкот на мечевите на Серена. Бараат од неа извинување. Во спротивно би можеле да решат да не судат на нејзините дуели.

Тениската јавност пак во најголем дел смета дека Серена во голем дел имаше право во реакциите, но оти го избра најнесреќниот начин да ја води војната.

Се вчитува...