Пари сен Жермен предводен од Раул Гонзалес ја оправда фаворитската улога на гостувањето против Мотор, триумфирајќи со убедливи 29-35 во пресметката со украинскиот првак, за кој настапува и нашиот репрезентативец Жарко Пешевски.
Токму Пешевски го отвори резултатот во првиот напад од натпреварот, но Мотор и покран обидите не успеа да му парира на европскиот гигант, кој имаше премногу оружја во својот арсенал. На полувреме се замина со резултат 12-17, а во вториот дел Украинците се обидоа со „седум на шест“ во нападот да сторат нешто повеќе. Не само што не успеаја, туку му овозможија на Тиери Омејер да постигне дури три гола од својот шестерец во 30 минути игра.
Пешевски одигра добар меч постигнувајќи три гола од исто толку обиди, изнудувајќи и неколку пенали. Најефикасни во табоот на ПСЖ беа Ремили со осум и Никола Карабатиќ со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА