Со Македонија не е интересно ако не е „тесно“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нашите репрезентативци, во речиси сите спортови се познати по тоа што од готово знаат да направат вересија. Младите фудбалери пред неколку дена примија два гола во судиско продолжение за реми со Ерменија, а малку недостигаше за истото да им се повтори на кошаркарите вечерва во Косово.

Од „плус осум“ и лабав финиш за неполна минута се стигна до само еден поен разлика – но за среќа затрепери раката на Бериша, а потоа сигурен беше Војдан Стојановски, за радост и успешен почеток на еден нов претквалификациски циклус. Со Македонија дефинитивно не е интересно ако резултатски не е „тесно“, иако фановите многу повеќе посакуваат рутински победи отколку вакви инфаркт-завршници.

 

 

Се вчитува...