На денешната седница во Охрид, Управниот одбор на ФФМ сосема очекувано ја донесе одлуката за отпочнување на активностите за подготовка на измените и дополнувањата на Статутот на ФФМ.
Всушност УО на ФФМ го задолжи генералниот секретар на ФФМ да почне постапка за промени на Статутот кој треба да се случи на Собрание како би се отворило простор за кандидатурите на Влатко Костов, Харалампие Хаџи-Ристески и Вујадин Станојковиќ за нов претседател на ФФМ, кои претходно беа одбиени од Комисијата за избор.
Изминатиов период, согласно расположението во базата, се издвои Влатко Костов како најсериозен кандидат за наследник на досегашниот прв човек Илчо Ѓорѓиоски, а по претходното инсистирање и од страна на УЕФА да не се одолговлекува со изборот на претседател во интерес на македонскиот фудбал.
Управниот одбор на ФФМ, исто така, донесе и одлука за парична награда на репрезентативците и стручниот штаб во висина од 30.000 евра за победите против Гибралтар и Ерменија во Лигата на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА