СРАМОТА: Даглас Коста го плукна противникот в лице!

Даглас Коста остави црна дамка на мечот меѓу Јувентус и Сасуоло, откако бразилскиот ас на „старата дама“ го плукна в лице противничкиот фудбалер Ди Франческо.

Судијата не го забележа инцидентот, но по разгледување од страна на ВАР-камерите немаше дилеми – тој веднаш му покажа црвен картон на домашниот фудбалер.

Даглас Коста сигурно ќе биде жестоко казнет од страна на Италијанската Фудбалска Федерација, а еден од дуелите што ќе ги пропушти ќе биде и дерби-пресметката со Наполи.

Се вчитува...