Костоски: Многу е важно што славевме двоцифрено…

Александар Костоски беше меѓу најзабележителните во таборот на македонската репрезентација при победата над Романија од 90-76, со која „црвено-жолтите“ направија значаен чекор напред кон главните квалификации за Евробаскет 2021.

„Почнавме малку забавено, сакавме од самиот почеток да се одлепиме, но не одеше така лесно.. Романците добро ни се спротивставија, но во второто полувреме го наметнавме нашиот ритам и да стигнеме до убедлива победа. Многу е важно што славевме со двоцифрена разлика, што ќе ни ја олесни задачата и на реваншот во последното коло во Романија. Се надеваме дека таа кош-разлика нема да биде толку важна, дека работата ќе ја завршиме до тој меч, но и доколку се случи да решава ние сме доволно квалитетни за да ја задржиме таа предност и да се задржиме на првото место“ – Костоски на прес-конференцијата по натпеварот.

Се вчитува...