Урнебесно видео: Фудбалери даваа помош на возилото за брза помош

Неверојатна случка во Бразил. Возило на брза помош заглави на терен, па мораше да побара помош од фудбалерите за да може натпреварот да продолжи.

Станува збор за дерби-пресметка во бразилскиот шампионат меѓу големите ривали од Рио, Фламенго и Васко да Гама, па по повредата на гостинскиот играч Бруно Силва возилото влезе на терен за да му биде укажана помош на фудбалерот.

А потоа – проблем, брзата помош не можеше да запали, па лутите ривали на теренот тргнаа во заедничка мисија – да го истуркаат возилото за потоа да го доиграат натпреварот.

Се вчитува...