Војдан Стојановски одигра извонреден натпревар против Романија, со дабл дабл од 21 поен и 13 скокови предводејќи ја Македонија до втор триумф од претквалификациската фаза за Евробаскет 2021. Еден од ретките кои беа дел и од историскиот успех во Литванија, Војдан е пресреќен што по неколкуте години кризни резултати на нашиот национален тим, доаѓа период на консолидација и приближување до кошаркарската елита.
„Најважна беше енергијата што ја имавме и на двата натпревари. Бевме желни за надигрување, знаевме дека можеме. Клучно е што веруваме во себе, знаеме дека сме подобри од нивото на овие претквалификации и дека можеме да ги победуваме овие ривали. Го покажавме тоа, забележавме две победи, и тоа на натпревари во кои водевме цело време и против Косово и против Романија. Се надевам дека вака ќе продолжиме не само на преостанатите два натпревари, туку и во наредниот квалификациски циклус“ – изјави капитенот на македонската репрезентација за ЕКИПА.
Војдан Стојановски и соиграчите следниот репрезентативен предизвик ќе го имаат на 2 декември, кога ќе го пречекаат Косово, меч на кој победа ќе значи и речиси сигурен пласман во следната квалификациска рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА