Баерн Минхен тргна победнички во новата сезона, но тренерот Нико Ковач има причина за загриженост откако секојдневно се зголемува бројот на играчи на чии услуги хрватскиот стратег нема да може да смета.
На последниот меч со Баер Леверкузен тешка повреда на коленото заработи Толисо, исто така настрада и Рафиња, а од претходно „во аут“ е и Кингсли Коман. Денешниот утрински тренинг донесе и нов проблем за Ковач, откако Леон Горецка се судри со младиот Максим Авуджа, по што мораше да биде пренесен во соблекувалната. Повредата не е нималку наивна и сигурно е дека тој нема да биде во комбинација за настап на премиерниот меч од ЛШ, незгодното гостување во Лисабон против Бенфика.
Денешниот тренинг го пропуштија и Франк Рибери и Арјен Робен, но Ковач се надева дека двајцата ветерани ќе се рехабилитираат навреме за да можат да помогнат во Португалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА