Клоп го брани Нејмар: Не е фолирант, навистина јаде ќотек

Се е подготвено за големата пресметка меѓу Ливерпул и ПСЖ во првото коло од Лигата на шампионите, закажана за утре во 21 часот на „Енфилд“. Јирген Клоп и неговите избраници се подготвени за пресметката со францускиот дрим-тим, а интересно е што Германецот гласно застана во одбрана на Нејмар по критиките на адреса на бразилската суперѕвезда по симулациите за време на СП 2019 во Русија.

„Моето мислење е дека Нејмар не е фолирант, тој навистина јаде ќотек на теренот. Противниците навистина одат директно на него, а тој сака да се заштити, ја разбирам неговата перспектива. Ние нема да го тепаме, ќе тргнеме да му ја земеме топката, да не му дозволиме да влезе во ритам. Среќа за ривалите што тој не беше максимално подготвен на Мундијалот, ако беше „фит“ Бразил сигурно ќе ја минеше Белгија“ – истакна Клоп.

Нејмар и Мбапе го пропуштија последниот лигашки меч со Сент Етјен, па одморени ќе го дочекаат утрешниот дуел со Ливерпул. Тренерот Тухел за овој натпревар нема да може да смета на Буфон, Верати и на Курзава.

Се вчитува...