Луис Хамилтон сигурно чекори кон нова титула во Формула 1 шампионатот, откако со победата во Сингапур стигна до предност од 40 бода во однос на Себастијан Фетел на шест трки до крајот на сезоната. Британецот вози извонредно, но истовремено во прилог му одат и грешките што ги направи Себастијан Фетел за време на трките, како и промашените стратегии на Ферари како што тоа беше случај во Сингапур.
„Не станува збор за среќа, туку за стабилност. Кога Фетел излета пред неколку трки, тоа не беше моја среќа, туку негова грешка. Јас лично сум многу горд што не правам такви грешки, токму тоа ми овозможи да се најдам во ваква позиција во овој дел од сезоната. Секогаш постои огромен притисок врз возачите, бидејќи и најмала грешка и невнимание скапо се плаќа, токму затоа јас сум среќен што сезонава возам максимално фокусирано низ целата сезона“ – изјави Хамилтон.
Следна на програмата во Формула 1 шампионатот е трката за ГН на Русија што ќе се вози во Сочи на 30 септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА