Пример и за постарите: Синот на Тоти не сакаше да даде гол крај повреден голман

Франческо Тоти како фудбалер изгради имиџ на икона во Италија, а великанот дефинитивно ги насочува на вистински пат и своите деца.

Доказ за тоа е однесувањето на неговиот син Кристијан Тоти за време на турнирот на У14 екипи што се одржа во Рим. Кристијан се најде во идеална шанса да ја затресе мрежата на противникот откако претходно се судри со противничкиот голман, но откако чуварот на мрежата не стана од теренот малиот Тоти наместо да постигне гол, тргна кон него за да се увери дека е добро.

„Отидов да му се извинам, бидејќи тоа беше случаен судир меѓу нас двајца. Можеби можев да постигнам гол, но поважно ми беше се да е во ред со голманот. Тој ми рече дека не му е ништо, и самиот беше изненаден што доаѓам кон него наместо кон голот. Тренерот беше горд на мене, по мечот ми рече дека сум го направил вистинскиот избор“ – изјави 12-годишниот Кристијан Тоти.

Се вчитува...