Тотенхем со пораз ја почна групната фаза од Лигата на шампионите. Имаше водство во Милано против Интер се до самиот финиш, а потоа дозволи да прими два гола и да загуби.
Но, и покрај тоа, менаџерот Маурицио Покетино вели дека тоа била најдобрата игра на неговиот тим оваа сезона.
„Загубивме несреќно. Имавме водство и ја контролиравме играта се до пред крајот. А потоа падна концентрацијата, среќата исто така не беше на наша страна и дозволивме да примиме два гола. Сепак, за мене тоа беше најдобро издание во сезоната“, изјави Маурицио Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА