Тенискиот судија Мохамед Лајани нема да може да суди на два турнири бидејќи АТП му изрече суспензија поради кршење на правилото на непристрасност. Лајани на УС Опен за време на мечот меѓу Ник Киријос и Пјер Иго Ербер се симна од столчето и разговараше со проблематичниот Австралиец. Слезе од столчето и му велеше дека „сака да му помогне“.
Во соопштението од АТП се вели дека Лајани го прекршил правилото на непристрасност до кое треба да се држат судиите. Поради ова тој нема да може да суди на следните два турнира, во Пекинг и на Мастерсот во Шангај.
Ербер кој го загуби дуелот, по мечот се пожали на однoсот на судијата, велејќи дека нему не му е работа да разговара со тенисерите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА