Мајкл Фелпс бара програма за помош на ‘ранливите’ олимпијци

Легендарниот американски пливач и рекордерот по бројот на освоени олимписки трофеи, Мајкл Фелпс, признава дека размислувал и за самоубиство во периодите на најтешка депрeсија. Тој повика на создавање систем кој ќе им помага на професионалните спортисти и олимпијци при крајот од кариерата.

„Сметам дека нема доволно помош за спортистите кога ја завршуваат кариерата. Кога се пензионираме едноставно се повлекуваме на страна и правиме место за оние што доаѓаат“ – вели Фелпс.

Сензационалниот пливач освои 23 олимписки злата учестувајќи на Игрите во Сиднеј во 2000 година, во Атина 2004 година, во Пекинг во 2008 година, во Лондон, а по кратка пензија и во Рио во 2016 година.

Американецот кој веќе е дефинитивно во пензија имаш тешки депресивни епизоди во пресрет на секои Олимписки Игри. Беше приведен за возење во пијана состојба во ноември 2004 година, потоа беше сликан како пуши канабис во 2008 година, а со денови седеше затворен во соба кон крајот на 2012 година.

Според истражување на британскиот „Би-би-си“ направено во февруари годинава, повеќе од половина од спортистите кои се соочуваат со крај на кариерата стравуваат и за менталното здравје бидејќи според нив доаѓаат до момент на губење на идентитетот.

Американскиот олимписки комитет има ново раководство кое објави програма според која на спортистите, особено оние кои ја завршуваат кариерата ќе им биде обезбедена помош.

 

 

Се вчитува...