Славните фудбалски имиња со тркачка страст

Фудбалот им беше професија, им ја донесе славата, но тие имаа и друга страст која многу повеќе ги исполнуваше и додека беа на терените. Навлегоа во светот на брзините, кој им донесе многу повеќе адреналин и возбуда која не секогаш ја имаат во фудбалската игра.

Јиржи Дудек

Поранешниот голман на Ливерпул и на Реал Мадрид се повлече во 2011 година и се посвети на вистинската љубов. Освојувачот на трофејот во Лигата на шампионите имаше потреба од брзина и возбуда по 20-годишната кариера меѓу стативите. Дудек кој има 45 години се натпреварува во „Volkswagen Castrol Cup“, шампионат низ земјите од Источна Европа.

„Трките беа моја страст пред фудбалот. Се натпреварував, но прекинав кога ја почнав професионалната фудбалска кариера. Предоцна е да бидам профсионален возач, си ги знам лимитите“ – објаснува Дудек.

Фабиен Бартез

На 36 години, Фабиен Бартез почна да се занимава со мотоспорт професионално. Почна со Porsche Carrera Cup France, потоа учествуваше во „French GT Championship“, “Bioracing Series“  и во „Caterham Sigma Cup France“. Првиот подиум му беше во  “FFSA GT Championship“. Во 2014 година, Бартез направи смел чекор и се пријави на трката „24 часа Ле Ман“. Заврши на респектабилното 29.место.

„Секогаш сум бил фасциниран од мотоспортот. И кога бев фудбалер трките ме фасцинираа. Ова не е како во фудбалот. Можеш да бидеш добар и на 35 години колку што имав јас кога ја завршив фудбалската кариера“ – вели Бартез објаснувајќи ја страста кон трките.

Андре Вилјаш Боаш

Португалскиот тренер, Андре Вилјаш Боаш ја напушти работата во кинескиот Шангај и во ноември учестуваше на првото рели. Потоа мораше да го прекине учеството на релито Дакар откако неговата Тојота удри во песочна дина. Боаш не беше сериозно повреден.

„Дакар ми се вртеше низ главата подолго време. Трките се традиција во моето семејство и јас секогаш сонував да учествувам на ова рели“ – изјави Боаш за официјалната страница на Дакар.

 

 

Се вчитува...