Лидерот на АТП листата, Рафаел Надал, ја официјализираше одлуката да не учествува на турнирите во Пекинг и во Шангај. Ваквото решение беше за очекување со оглед на проблемите со коленото кои го принудија да се повлече од полуфиналето од УС Опен минатата недела. Во објава на социјалните мрежи, Надал објасни дека неговиот лекарски тим му советувал да мирува додека состојбата не биде стабилна.
„Решивме дека е најдобро да не учествувам на турнирите во Азија. Жал ми е за навивачите во Пекинг и во Шангај кои секогаш на убав начин ме пречекуваат и мене и мојот тим“ – напиша Надал.
Шпанскиот тенисер требаше да ја брани титулата во Пекинг. Минатата година во финалето на Мастерсот во Шангај загуби од Роџер Федерер. Ова значи дека со неучеството ќе загуби многу бодови. До крајот од сезоната, по азиската турнеја од серијата Мастерс 1000 остануваат уште турнирот во Париз и во финалето во Лондон.
Lamento no poder estar con todos los fans en China que son tantos y con los organizadores de los torneos de Beijing y Shanghai que siempre han tenido todas las atenciones conmigo y mi equipo.
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) September 19, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА