Селекторот на женската младинска репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, го објави списокот на ракометарки со кои ќе работи за време на ЕХФ-неделата, од 24 до 30 септември. Во однос на поширокиот список од комбинација отпаднаа ракометарките кои настапуваат во странство, па Дамчевска во претстојните седум дена ќе тренира со ракометарки од домашниот шампионат, од кои најголемиот дел се членови на Металург и на Вардар.
Собирот е закажан на ден 24.09.2018 со почеток во 08:00 часот во спортската сала во Автокоманда во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА