Ајакс ја отвори ЛШ во победнички стил

Ајакс ја искористи предноста на домашен терен и во Амстердам го совлада АЕК со 3-0, во првиот натпревар од групата Е во Лигата на шампионите. Холандскиот тим одигра квалитетен меч и поведе со голот на Николас Талјафико во 46.минута. Отпорот на грчкиот тим конечно го скрши и Дони ван де Бик со погодокот во 77.минута, a конечниот резултат го постави повторно Николас Талјафико.




Интересен дуел одиграа и Шахтјор Доњецк и Хофенхајм, како дел од групата Ф, ремизирајќи 2-2. Германците двапати имаа водство на натпреварот, но украинскиот состав стигна до еден бод.

Флоријан Грилич донесе водство за Хофенхајм, а Исмаили израмни во 27.минута. Сепак, Нортвеит повторно донесе предност за бундеслигашот пред полувремето.

Во финишот од мечот, Бразилецот Мајкон во 81.минута постигна втор гол за Шахтјор и израмни на 2-2.

 

Се вчитува...