Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години загуби со минимални 0-1 на пријателскиот натпревар против соодветната селекција на Кипар.
На дуелот кој се играше на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров, Кипарките до триумфот стигнаа со голот на Антонија Ставриана во 25. минута од средбата.
Во рамките на подготовките за квалификациите за ЕП кои се играат на почетокот од октомври, двете селекции ќе одиграат уште еден пријателски натпревар во текот на утрешниот ден. Во квалификациите за ЕП, Македонија е во група со Финска, Унгарија и Молдавија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА