Ѓорческа во маратонски меч поразена од првата носителка на турнирот во Подгорица

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Подгорица, Црна Гора, откако загуби во второто коло.

Ѓорческа во маратонски меч по 2 часа и 46 минути игра во три сета со 1-2 загуби од првата носителка Барбара Хас. Првиот сет го доби македонската тенисерка со 7-6(4), но потоа Хас успеа да ги добие следните два сета со 4-6 и 2-6.

Се вчитува...