Бразилскиот интернационалец Роберто Фирмино пред два дена со нов имиџ се појави на тренингот на Ливерпул. По повредата на окото, тој доби специјални наочари кои ќе мора да ги носи во следниот период. Очекувано, не изостанаа и шегите од неговите соиграчи, како и од менаџерот Јирген Клоп.
„Се врати Едгард Давидс“ – се пошегува Клоп на сметка на напаѓачот.
Но, шегите не застанаа само на тоа… Џејмс Милнер објавувајќи фотографија со желба за имитација на Фирмино, преку својот Инстаграм профил нагласи дека едноставно „сака и тој да биде како Боби“…
„Кога си едноставно голем фан на Боби, тогаш еве како шеташ и по дома“ – напиша Милнер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА