ЕВРО 2024: Германија во предност, Турција би била „ризична“ како организатор

Германија е во предност пред Турција за добивање на организацијата на Европското фудбалско првенство во 2024 година. Ова произлегува од објавениот извештај на комитетот за евалуација на УЕФА во кој се вели дека доделувањето на првенството на Турција има ризици.

Комитетот смета дека „немањето акциски план за подобрување на човековите права“ е сериозен проблем за турската кандидатура. Дополнителен проблем според проценката била и органиченоста со хотелско сместување. Забелешки има и за можностите за транспорт, а проблем може да биде и ограничената можност за рекламирање алкохол во Турција.

Сепак интересно е што истиот комитет за проценка му го додели на Истанбул финалето во Лигата на шампионите во 2020 година.

Турција досега не била организатор на големо фудбалско натпреварување. Во 2024 година Турција обележува 100 години од формирањето на Републиката како и еден век од турската фудбалска федерација.

Извршниот комитет на УЕФА одлуката ќе ја донесе в четврток.

Првенството во 2024 година ќе биде враќање кон концептот на една земја домаќин откако во 2020 шампионатот ќе биде низ цела Европа.

 

Се вчитува...