Барселона ќе го купува Андер Херера од Јунајтед

Шпанскиот првак Барселона значително го засили средниот ред ова лето, но тренерот Ернесто Валверде размислува и за надградба веќе во јануари. Тој сака да го доведе на „Камп Ноу“ играчот за врска на Манчестер јунајтед, Андер Херера.

Шпанецот има договор со клубот од „Олд Трафорд“ до крајот на оваа сезона, а Барселона ќе се обиде да го доведе во зимскиот преоден рок. Дотогаш ќе стане јасно дали и Жозе Мурињо ќе му дозволи да си замине или пак ќе му понуди продолжување на соработката.

Андер Херера за четири сезони во дресот на Манчестер јунајтед одигра 112 натпревари и постигна десет гола.

Се вчитува...