Борусија Дортмунд одигра 1-1 на гостувањето против Хофенхајм, избегнувајќи пораз против директниот ривал за висок пласман на табелата. Фудбалерите на Хофенхајм имаа предност откако во финишот од првото полувреме прецизен со многу среќа беше Џоелингтон, а при овој резултат домаќините погодија уште еднаш, но тој гол и беше поништен со ВАР-технологија.
Кога Диало доби црен картон на петнаесетина минути до крајот се чинеше дека приказната за гостите е завршена, но тимот на тренерот Фавр имаше поинакви замисли. Ројс доби употреблива топка и одлично втрча во шеснаесетникот, несебично проигра кон петерецот каде Пулишиќ биеше прецизно во мрежата.
Херта останува најпријатно изненадување на стартот од сезонава, откако клубот од Берлин славеше со 4-2 над Борусија Менхенгладбах и по првите четири кола веќе има десет бода на своето салдо. Торстен Азар со гол од пенал во 29. минута ги доведе гостите во водство во Берлин, но Херта предводена од двојниот стрелец Ибишевиќ експресно направи пресврт и на крајот заслужено стигна до нови три бода.
Резултати Германија:
Хофенхајм – Борусија Д. 1-1, Аугсбург – Вердер 2-3, Нирнберг – Хановер 2-0, Волфсбург – Фрајбург 1-3, Херта – Борусија М. 4-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА