Македонските репрезенаттивци, Филип Талески со Рајн Некар Левен и Дејан Манасков со Веспрем имаа лош ден и запишаа порази во натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите. Рајн Некар левен загуби на гостувањето кај Кјелце (35-32), а Веспрем остана без бодови на гости кај Барселона (31-28).
Со 13 ракометари и со пресврт во последните пет минути, Кјелце славеше голема победа против Рајн Некар Левен со 34-31 во второто коло во А групата од ЛШ. Германскиот тим беше во преднсот во поголемиот дел од натпреварот, но потфрли во решавачките последни минути.
Поради проблемите со повредите, полскиот шампион и на овој меч настапи со 13 играчи, но избраниците на Талант Душебаев му пружија силен отпор и во поголем дел успешно држеа чекор со германскиот противник, а на крај стигнаа и до важни бодови.
Рајн Некар Левен од старт го презеде водството и во првата четвртина на двапати имаше и пет гола преднсот (3-8, 6-11). Но, Кјелце успеа да се врати. Избраниците на Талант Душебаев направија серија од 4-0 и дојдоа на 12-12, а потао со уште еден мини серија од три гола, дојдоа и до минимална преднсот, а на полувремето резултатот беше нешерен (17-17). На стартот од второто полувреме, Кјеце ја зголеми предноста на 20-17 и сериозно им ги замрси сметките на „лавовите“.
Николај Јакобсен, сепак, успеа да ги врати во ритам своите играчи кои притиснаа во последната четвртина и со серија од 4-1 одново го презедоа водството. На пет минути пред крај резултатот повторно беше нерешен 30-30, а потоа Кјелце поведе со 31-30 и издржа до крај.
Филип Талески заврши без погодок на овој меч. Капитенот Анди Шмид и Александар Петерсон го предводеа Рајн Некар Левен со по осум гола. Кај Кјелце најефикасни беа поранешните вардарци Алекс Душебаев и Лука Циндриќ со по пет гола.
Во дербито од групата Б, Дејан Манасков со Веспрем загуби на гостувањето кај Барселона со . Каспер Мортенсен постигна седум , а Дика Мем заврши со шест гола во победата на Барселона. Кај Веспрем најефикасен беше Драган Гајиќ со девет гола. Манасков играше повеќе во одбрана, доби две исклучувања, но не се запиша во листата на стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА