Охриѓани пресилни за Бутел

Ракометарите на Охрид стигнаа до победа од 28-24 над Бутел во второто суперлигашко коло, прва радост на „галебите“ во новата сезона од елитното македонско ракометно друштво.

Гостите од Скопје добро парираа во првата половина од првото полувреме, кога имаа и минимално водство од 7-8, за потоа охриѓани да ја преземат контролата и на одмор да заминат со четири гола предност (15-11). Домашниот тим потоа рутински ја одржуваше оваа позитива, која во ниту еден момент не се спушти под три гола, за заслужен триумф над новиот суперлигаш.

Дарко Георгиевски постигна осум гола за победничкиот тим, два повеќе од Везенковски, додека најдобри стрелци во таборот на Бутел вечерва беа Печенковски со шест и Мојсоски со пет погодоци.

Се вчитува...