Реал победува и кога не игра добро

Реал Мадрид експресно им се врати на победите во Примера дивизион по минатонеделното реми во Билбао, откако „кралевите“ вечерва славеа со 1-0 над Еспањол. Тренерот Лопетеги реши да го изротира тимот, па заслужен одмор доби Герет Бејл заедно со Марсело, Карвахал и Крос.

Со комбиниран тим актуелниот европски првак се мачеше да ја наметне сопствената игра, но сепак успеа да стигне до трите бода благодарение на голот на Асенсио постигнат во финишот од првото полувреме. Лука Модриќ одлично асистираше, а младиот Шпанец биеше прецизно, голот во прв момент беше поништен поради офсајд, но со ВАР беше утврдено дека асот на Реал се наоѓа во регуларна позиција, па погодокот беше признаен.

Во второто полувреме и двете екипи имаа свои шанси, Еспањол го погоди и дирекот од голот на Куртоа, но Реал сепак успее да го приведе мечот до крај, за четврта победа во петтиот меч сезонава.

 

Се вчитува...