Во третото коло на женската Суперлига, ЖРК Металург го декласира тимот на ЖРК Вардар на гостински терен со убедливи 18-27 (9-13). Ова и нема да беше некоја голема вест, ако до минатата сезона Вардар не беше едноставно недопирлив, со големи ракометни ѕвезди во својот состав.
Ракометарките на ЖРК Металург сега возвратија за убедливите порази во изминатите неколку години.
ЖРК Металург беше подобрата екипа во текот на целата средба и од самиот почеток го диктираше темпото. Вардар се држеше до пред крајот на првото полувреме, кога Металург направи серија од 5-0 и на одмор замина со убедливи 9:13.
Во второто полувреме разликата достигна и +11 во корист на ЖРК Металург, а на крајот гостинските славеа во „Јане Сандански“ со 18-27.
.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА