Марко Силва: Потребен е ВАР во Премиер – лигата

Менаџерот на Евертон, Марко Силва, побара од раководството на Премиер – лигата сериозно да ја разгледа опцијата за воведување на ВАР – технологијата. Ова откако судијата Џон Мос и асистентот Хери Ленард не ја забележаа очигледната офсајд ситуација по која Пјер – Емерик Обамејанг го постигна вториот гол за Арсенал на вчерашниот меч на „Емирати“.

„ВАР сигурно ќе помогне многу. Мислам дека тоа е важна одлука која мора да биде спроведена. Можеби не е најдобро да се стопира натпреварот за да се прегледаат видео-материјалите, но мора да бидеме сигурни дека и двата тима нема да бидат оштетени во играта. Можеби веќе од следната сезона ќе имаме ВАР. Нема да ги критикувам судиите. Сите прават грешки, и јас, и моите фудбалери, и судиите. Но, со видео технологијата мислам дека ќе биде поинаку“, истакна Марко Силва.

Се вчитува...