У-17: Секулов од Јувентус ја одби поканата за настап во националниот дрес во Летонија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години со учество на силен меѓународен турнир во Летонија ќе ги финишира подготовките за квалификацискиот турнир за ЕП кој надежите ги очекува следниот месец во Скопје.

Македонија во Летонија од утре па до 29. септември ќе одигра три натпревари, против Русија утре од 15 часаот, против Летонија на 27. септември (15 ч.) како и против Финска на 29. септември (11 ч.).

Селекторот Марио Вујовиќ за турнирот во Летонија повика 20 фудбалери. Беше повикан и офанзивецот на Јувентус, Никола Секулов но тој, според информациите од македонскиот национален тим, без некое образложение до ФФМ го одбил повикот на селекторот за настап во македонскиот дрес со што веќе станува јасно дека на него најверојатно нема да се смета и за квалификацискиот турнир следниот месец во Скопје.

СПИСОКОТ НА МАРИО ВУЈОВИЌ ЗА ТУРНИРОТ ВО ЛЕТОНИЈА:

ГОЛМАНИ: Марко Алчевски (Академија Пандев), Алекса Јорданов (Београд, Србија)

ОДБРАНА: Филип Костовски (Њу старс), Анатолиј Петејчук (Вардар), Бесфорт Арифи (МВВ Мастрихт, Холандија), Али Асани (Вардар), Александар Ѓурковски (Вардар), Спасе Терзиев (Академија Пандев), Нешат Мурати (Шкендија)

СРЕДЕН РЕД: Владан Новевски (Војводина, Србија), Иван Николов (Академија Пандев), Филип Андоновски (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Редон Ќамили (Шкендија), Лука Станковски (Работнички)

НАПАД: Сава Аврамовски (ОФК Београд, Србија), Марио Костески (Работнички), Бехар Фетаи (Њу старс), Методи Максимов (Работнички), Марио Илиевски (11 Септември, Бугарија).

Се вчитува...