Францускиот магазин „Франс Фудбал“ од оваа година ќе доделува „Златна топка“ и за најдобрата светска фудбалерка. Престижниот медиум кој е ексклузивен носител на правата за најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот, на 3.декември на гала – веченост за првпат ќе ги израмни и најдобрите фудбалерки во својот избор.
Идејата на „Франс Фудбал“ датира од далечната 1956 година, со текот на времето израсна во највлијателна награда во светот на фудбалот, беше и во заедничка организација со УЕФА, а сега повторно е ексклузивна сопственост на францускиот фудбалски магазин.
„Ова е голем чекор напред во развојот на женскиот фудбал. Отсекогаш сум сакал да видам и една фудбалерка со престижното признание „Златна топка“. Од оваа година тоа ќе стане реалност, и е голем чекор напред кон еднаквоста во фудбалот“, изјави бразилската фудбалерка Марта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА