Арсенал ќе го купува Исмаила Сар

Англискиот премиерлигаш Арсенал пикира ново засилување од Франција. Менаџерот Унаи Емери сака да го доведе на „Емирати“ фудбалерот на Рен, Исмаила Сар. Сенегалскиот интернационалец игра одлично во францускиот шампионат, а постигна фантастичен погодок и во Лигата на Европа, со што го сврте кон себе вниманието на големите европски клубови. Први реагираа „топчиите“ кои сакаат да го купат во зимскиот преоден рок.

Емери смета дека Сар одлично би се вклопил во офанзивниот дел од тимот, се работи за брз крилен напаѓач кој би сочинувал убиствено трио со Пјер – Емерик Обамејанг и со Александре Лаказет. За Исмаила Сар, Арсенал е подготвен да плати 40 милиони евра.

Се вчитува...