Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години стартуваше со пораз на интернационалниот турнир ко се игра во Јеглава, Летонија.
Избраници на Марио Вујовиќ на стартот од турнирот загубија со 0-1 од селекцијата на Русија.
Македонија настапи во следниот состав: Алчевски, Костовски, Арифи, Тодоровски, Ѓурковски, Теризве, Фетаи, Николов, Максимов, Новевски и Костески. Уште играа. Јорданов, Петејчук, Асани, Мурати, Ќамили, Андоновски, Станковски, Аврамовски и Илиевски.
Следниот меч на младите надежи е против домаќинот на Летонија на 27. септември од 15 часот, а на 29. септември ќе играме и против Финска со почеток од 11 часот. Турнирот претставува финална подготовка за селекцијата пред настапот во квалификациите за пласман на ЕП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА