Можеби лига-купот на Англија е најмалку атрактивно натпреварување на „островот“, но голот што Дерби го постигна вечерва на „Олд трафорд“ дефинитивно е еден од најдобрите што ќе ги видиме во текот на целата сезона.
„Црвените ѓаволи“ имаа водство од втората минута, за по еден слободен удар од триесет метри гостите да израмнат. Автор на ремек-делото е младиот Хари Вилсон, фудбалер на Ливерпул испратен на позајмица во Дерби, кој со неверојатен удар го матираше голманот Ромеро.
Погледнете ја оваа фудбалска мајсторија на Вилсон, еден од најубавите голови што гостински фудбалер ги има постигнато на „Олд трафорд“ во последните десетина години.
⚽ Carabao Cup: Manchester United vs Derby County | Harry Wilson (GOAL) 59′ pic.twitter.com/ussYkytT8F
— CY☆9NEXUS (@D9INE_NEXUS_) September 25, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА