Германскиот првак Баерн Минхен киксна на „Алијанц арена“ играјќи само 1-1 против Аугсбург. Новиот тренер Нико Ковач не го достигна рекордот на Карло Анчелоти, а по мечот потенцираше дека грешки во Бундес-лигата не се простуваат. Ова откако голманот Мануел Нојер во 86.минута испушти топка од рацете, а во продолжението на акцијата Аугсбург постигна погодок за израмнување,
„Грешки во Бундес-лигата не се простуваат. Едноставно не бевме на потребното ниво. Требаше многу порано да постигнеме втор гол. При 1-0, секогаш е опасно во германскиот шампионат и постои ризик да примите гол. Мораме да бидеме многу подобри на следниот меч и ќе ја научиме лекцијата. Мора да го пофалам и Аугсбург, тие одиграа одлично, не ни дозволија лесно да излегуваме од нашето поле“, изјави Нико Ковач.
По пет одиграни натпревари, Баерн Минхен се наоѓа на првата позиција на табелата во Германија со 13 освоени бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА