Новата натпреварувачка сезона во кошаркарското првенство на Македонија ќе стартува според предвиденото, на 6 октомври, но со 11 наместо со десет клубови. Првото коло ќе донесе и дерби-пресметка во која МЗТ Скопје ќе гостува на Блоккотехна, тим што им беше крајно незгоден ривал на „металците“ ланската сезона.
Прволигашите едногласно дадоа согласност Шкупи да биде дополнително примен во елитата, за што претседателот Мифтари им се заблагодари на претставниците на клубовите присутни на денешната ждрепка,
„Сакам да се заблагодарам од се срце на сите клубови што ни ја дадоа поддршката кога ни беше најважно. Задоцнивме, се најдовме во незавидна ситуација, но за среќа со заедничка работа се изборивме да останеме дел од елитата“ – изјави првиот човек на Шкупи, Енвер Мифтари.
Клубот од Чаир ќе биде слободен во првото коло, за да добие дополнително време да го екипира ростерот за новата сезона.
Дерби-дуелот на првото коло ќе се игра во Гевгелија, каде во реприза на ланското полуфинале Блокотехна ќе го пречека МЗТ Скопје. Шампионот Работнички ќе ја почне одбраната на титулата со гостувањето против Охрид, а неизвесно се очекува да биде и на пресметката меѓу Гостивар и Кожув.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
Охрид – Работнички
Вардар – Куманово
Блокотехна – МЗТ Скопје
Гостивар – Кожув
Пелистер – Фени индутри
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА