Нападот на Атлетико Мадрид не е така „убиствен“, иако во тандем играат Антоан Гризман и Диего Коста. Но, Бразилецот со шпански пасош се соочува со најголемата голгетерска криза во кариерата. Тој цели седум месеци нема постигнато погодок во Ла Лига, што е најголем „пост“ во неговата досегашна кариера.
Последен пат Диего Коста се запиша во листата на стрелците на 25.февруари, на мечот против Севилја на „Санчес Пижуан“. Оттогаш минаа седум месеци, а тој нема постигнато погодок на 19 последователни натпревари од Ла Лига.
Вака „сушна сезона“ Диего Коста имаше и во 2010/11, но тогаш не беше стандарден првотимец и важен играч во тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА