Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години запиша победа од 0-2 (0-0) против домаќинот Летонија на вториот натпревар од интернационалниот турнир кој се одржува во Јеглава.
По поразот на првиот меч пред два дена од Русија, избраниците на Марио Вујовиќ во далеку подобар натпревар денеска сосема заслужено славеа против Летонија со 0-2.
Стрелец на првиот погодок за македонскиот тим беше членот на новосадска Војводина, Владан Новевски кој прецизно стрелаше од пенал во 61. минута. Вториот гол го постигна офанзивецот на Работнички, Методи Максимов во 70. минута…
Во вториот денешен дуел на турнирот, Финска славеше против Русија со идентични 2-0. Македонија во сабота (29. септември) од 11 часот ја очекува и третиот натпревар на турнирот против Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА