Женската ракометна репрезентација на Македонија ја победи Италија со 26-23 во првиот од двата контролни натпревари што ги играат денеска и утре во Автокоманда, во рамките на подготовките во неделата на ЕХФ.
Македонските ракометарки решавачката предност по неефикасната игра во завршните десетина минути го завршија првото полувреме со четири гола негатива (8-12). Во вториот дел избраничките на селекторот Симе Симовски заиграа многу порационално и поефикасно, ја анулираа негативата и успеаја да направат пресврт. Дополнителна сигурност внесе Матеја Серафимова со неколку успешни интервенции на голот по кој Македонија врза осум голка во серија и поведе со 16-13.
Сара Ристовска со седум гола беше најефикасна во македонската репрезентација, Јована Саздовска и Марија Штериова постигнаа по пет погодоци.
Утре во истиот термин со почеток во 16 часот, Македонија ќе го одигра вториот контролен натпревар со селекцијата на Италија, а в сабота сениорките ќе играат против македонската младинска репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА