„Кралот на Рим“ ја претстави на спектакуларен начин во римскиот Колосеум, симболот на вечниот град, својата автобиографија која ја нарече „Капитенот“!
Дури ни Рим, кој е навикнат на гламурозни случувања, не памети такво нешто како промоцијата на автобиографијата на Франческо Тоти на сред најпознатата светска арена. Но, Тоти сето тоа го заслужи затоа што е жив симбол на градот!
Капитенот на Рома во текот на својата кариера одби бројни понуди на најголемите светски клубови за да остане во саканиот град и во саканиот тим. Сега сето тоа го опишува во автобиографијата која се очекува да ги сруши сите рекорди на бестселер во Италија. Автобиографијата ја промовираше на својот 42 роденден а целиот приход од продажбата наменет е за помош на Центарот за рехабилитација на деца кои се лекуваат од малигни заболувања.
Пред Колосеум и на трибините Франческо Тоти беше пречекан од илијадници обожаватели, а меѓу нив и Марчело Липи, Марко Матераци, Клаудио Раниери, како и неговите соиграчи од шампионската генерација, Перота, Кандела како и Антонио Касано и Даниеле Де Роси. Секако на свеченоста беа присутни и римската градоначалничка, Вирџина Раџи како и бројна елита од Рима.
Претставувањето на книгата почна така што Лука Ворд, гласот од филмот „Гладијатор“, читаше делови од автобиографијата во која Тоти објаснува зошто го одбил Реал Мадрид: „Не сакам да одам таму затоа што тоа не е моја приказна. Моја приказна се Рома и Рим!“.
Тоти потоа во својот говор пред присутните ќе рече:
„Емоциите кои моментално ги чувствувам се единствени. Кога ќе дојдете на мое место, магично како ова, се чувствуваш некако посебно. Посебно ако си Римјанин. Горд сум што токму овде во Колосеумот ја претставувам книгата за мене. Приказна за едно момче од улица кое стана маж. Освојувањето на тоа едно Скудето со Рома ми значи како да сум освои десеттици со други клубови. Но, сакам да кажам дека и покрај тоа најважни ми е само љубовта која ми ја пружавте сите овие изминати години, сета почит и доверба која ја уживав од сите вас и од Рим“ – порача големиот Франческо Тоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА