Кожув на една седмица пред официјалниот старт на сезоната го комплетираше ростерот носејќи нов играч за плејмејкерската позиција. Станува збор за 32-годишниот Слободан Пејовиќ, црногорскиот кошаркар кој најверојатно ќе ја има улогата на главен организатор на играта на тимот од Гевгелија.
Во својата кариера Пејовиќ има настапувано и за екипите на Приморска, Ловќен, Морнар, Тамиш, Крушевац, Слога Краљево, Орор де Витр во Франција, потоа Радиасион во Либија,
Црногорецот своето официјално деби во дресот на Кожув ќе го има во првото коло од домашното првенство следниот викенд, кога тимот од Гевгелија ќе му гостува на Гостивар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА