Реал Мадрид со предност од само два бода ќе влезе во градското дерби со Атлетико, во кое утре вечер на „Сантијаго Бернабеу“ се очекува вистинска војна на теренот. „Кралевите“ тргнаа фуриозно во новата сезона додека Атлетико се мачеше, но тимот на Лопетеги освои само еден бод во последните две гостувања, Атлетико врза две победи, па сега избраниците на Симеоне со зголемена самодоверба ќе се обидат да стигнат до цел плен на теренот на противникот.
„Нема тајна, ние секогаш сакаме да го победиме Реал Мадрид, а тие сакаат да го убијат Атлетико. Наша цел е да играме напаѓачки и да постигнеме гол повеќе од противникот, верувам во моите соиграчи од редниот ред и од одбраната дека ќе ни овозможат повеќе шанси. Лично гледано, ссе наоѓам во криза, но потребен ми е само еден гол и се ќе се промени, би било убаво тоа да се случи против Реал. Пред нас е вистинска војна, се има жестоки дуели, ќе се испоубиеме со Реал за да стигнеме до трите бода, искрено се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме“ – истакна Коста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА