Тотенхем се соочува со сериозен проблем откако Деле Али заработи нова повреда и повторно ќе мора да отсуствува извесно време од терените.
Англискиот репрезентативец беше повреден минатиот месец, а во негово отсуство „спарси“ го загубија дербито со Ливерпул, но со враќањето на Али нивната игра доби на сигурно стабилност, врзаа две победи по ред, за сега повторно да го загубат клучниот играч.
Британските медиуми јавуваат дека станува збор за повреда на мускулот заработена на вчерашниот тренинг, поради што Деле Али ќе мора да паузира најмалку еден месец. Ова значи дека тој ќе пропушти неколку премиерлигашки средби, потоа дуелот од ЛШ со Барселона, како и пресметките на англиската репрезентација во Лигата на Нации, против Шпанија и Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА