Монако се соочува со неверојатна резултатска криза, губејќи со 2-0 на гостувањето против Сент Етјен и останувајќи на 16. место на табелата.
„Кнезовите“ по осум кола имаат само шест освоени бода, што е најслаб старт на овој клуб во една сезона од францускиот шампионат уште од 1974 година.
Казри беше стрелец на двата гола за победничкиот тим, првиот во финишот од првото полувреме, вториот на стартот од вториот дел, за уште поголеми главоболки на тренерот Жардим. Сега притисокот е врз португалскиот стратег, кој пред две сезони го одведе тимот до полуфиналето од Лигата на шампионите, но по очајните резултати во овие осум гола сега се соочува со сериозна опасност да добие отказ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА