Тричковски и Мојсов го освоија Суперкупот на Кипар

Македонските интернационалци Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака го освоија Суперкупот на Кипар.

Во мечот од Суперкупот, АЕК славеше по изведувањето на пеналите против АПОЕЛ стигнувајќи до уште еден трофеј оваа година. Во регуларниот дел мечот заврши 1-1, а по пеналите АЕК славеше со 4-2.

И Тричковски и Мојсов, кои го одиграа целиот натпревар за АЕК Ларнака, погодија во пенал рулетот за својот тим.

Се вчитува...